Како да ги отстраните жолтеникавите дамки од облеката? Полесно е отколку што мислите

popara6 јули, 20231min00
725165_shutterstock-1838199577_m

Ако немате идеја како да отстраните жолта дамка од омиленото парче облека, испробајте го овој едноставен трик.

Ако сте забележале дека вашата омилена светла облека има грди жолтеникави дамки кои не исчезнале при перењето, можете да подготвите пластичен леген или кофа и еден помал сад.

Подгответе ги следните состојки: 250 милилитри оцет, 500 милилитри топла вода, 120 грама сода бикарбона, лажица сол и една лажица водород пероксид, кои може да се купат во сите аптеки.

Прво ставете ги оцетот и водата во легенот или кофата, потоа облеката со дамката и оставете ја да откисне околу 20 минути. Во друг сад измешајте ги сода бикарбоната, солта и водород пероксидот додека не се претвори во смеса слична на паста.

После тоа, извадете ја облеката од оцетот и водата и внимателно исцедете ја со раце. Потоа со крпа истријте ја дамката со пастата од сода, сол и пероксид. Пероксидот ќе ја избели дамката, а солта и содата целосно ќе ја исчистат ткаенината.

Оставете ја пастата да делува 20 минути, а потоа измијте ја облеката во машината за перење и оставете ја да се исуши на воздух.

Внимавајте откако ќе ја измиете облеката од која сте ја отстраниле дамката, да не ја ставате во машината за сушење. Ако го направите ова, областа каде што била дамката целосно ќе избледи и ткаенината ќе биде трајно оштетена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag