Не трошете пари на прескапи лабела и балсами за усни,туку направете свој природен мелем кој ќе ви трае цела зима.Како што полека пристигнуваат есенските денови,а со нив и студеното ветровито време, многу жени веднаш размислуваат за тоа дека треба да пазарат.Првенствено,потребни ни се балсами за усни,бидејќи тие секогаш се изложени на негативните влијанија на надворешното опкружување.
Сепак,цените во парфимериите воопшто не се ниски,а многу козметички производи содржат многу вештачки состојки,кои носат повеќе штета отколку добро за нежната кожа на усните.
Сепак, не треба да се грижите за тоа, бидејќи за вас го најдовме совршениот рецепт за природен мелем за усни, кој брзо се прави, здрав и благотворно делува на здравјето на вашите усни.
Потребно е:
30 g пчелин восок во гранули
100 гр кокосово масло
10 гр мед
Подготовка:
Восокот се става кратко во сад на пареа да се растопи,па се додава кокосовото масло и се трга од оган.Потоа, кога малку ќе се олади, додадете мед и измешајте.
Добиената смеса ставете ја во мали пластични садови или во поголем сад што можете да го понесете со себе во чантата. Оваа количина мелем е доволна за цела зима, не само за вас, туку и за сите членови на вашето семејство.