КАКО ПУДРАТА ДА НЕ ВИ СЕ СТОПИ НА ЛИЦЕТО? Одлични совети за топлите денови!

popara26 мај, 20231min00
547115_x31343_f

Пудрата на лицето може да се одржи дури и за време на топлите летни денови, ако следите неколку совети од шминкерите.

Подлогата што ја ставате е важна за одржување на шминката на лицето во текот на летото, но уште поважна е текстурата на пудрата, како и начинот на нанесување. Квалитетните пудри се лесни, а бојата е природна.

Следејќи неколку основни совети, ќе имате убав тен во текот на цел ден.

Хидрирајте ја кожата

За да може шминката да остане на лицето со часови, потребно е кожата да биде добро хидрирана. Тоа значи дека треба да пиете доволно вода и да користите хидратантна крема.

Ако не го практикувате ова, кожата ќе лачи повеќе себум (природното масло на телото што го лачат жлездите), а пудрата ќе се стопи.

убавина. - Здравје и Живот

Користете лесни пудри

Во текот на летото, кожата не поднесува тешки пудри. Изберете висококвалитетни, лесни пудри во природна боја на кожата, кои не ги затнуваат порите и не ја оптоваруваат кожата. Доколку сте исончани, одберете ја соодветната бронзена нијанса.

Недостаток на лесните пудри е што не можат да ги покријат сите несовршености на кожата. За тоа че ви послужи еден добар коректор.

Поправете ја шминката во текот на денот

Ако забележите дека потта го расипала изгледот на вашиот тен, избришете го лицето со обично марамче.

Соберете го вишокот себум така што ќе тапкате марамче на лицето. Доколку е потребно, повторно нанесете будра во тенок слој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag