ОМИЛЕНАТА РАФАЕЛО ТОРТА! Се прави без печење, а вкусот е феноменален

26 мај, 20230
679233_delicious-homemade-napoleon-cake-top-view-1_f

Едниот фил од кокос, а другиот од мелени бисквити – едноставно совршено.

Состојки:

1 литар млеко од соја

3 кесички пудинг од ванила

120 гр маргарин

100 гр бело чоколадо

3 лажици шеќер

180 гр кокос

200 гр мелени бисквити

1 пакување бисквити

сок од портокал

Подготовка:

Измешајте го пудингот со шеќерот и 300 мл млеко да нема грутчиња. Загрејте го преостанатото млеко и додадете го пудингот. Гответе додека не се згусне со постојано мешање. Додадете го белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Тргнете од шпоретот и покријте со фолија, а потоа оставете да се излади на собна температура.

Потопете го бисквитите во сокот од портокал и наредете го во калап. Во изладениот пудинг додадете го маргаринот на собна температура кој претходно сте го изматиле.

Смесата поделете ја на два еднакви дела, на едниот додадете кокос, а на другиот мелени бисквити и убаво измешајте. Во калапот прво прелијте ги бисквитите со филот од бисквити, па со оној од кокос. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер.

Можете да украсите со кокос или по желба.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *