Побрзо, повисоко, посилно! Се планираат летови кои ќе ги однесат патниците од Британија до Австралија за само 2 часа

26 мај, 20230
62232235

Побрзо, повисоко, посилно! Се чини дека олимпиското мото наскоро би можело да се примени и на патувањата, а некогашните незамисливо долги патувања, кои траеја десетици часа, ќе бидат минато. Како што објави порталот Тајмаут, патувањето од Британија до Австралија наскоро ќе биде совладано за прилично краток временски период…

Патување помеѓу ОК и Австралија во моментов бара внимателно разгледување и многу планирање однапред со оглед на неговото времетраење од речиси 24 часа (вклучувајќи и застанување на пола пат). Многу луѓе мислат дека летањето таму и назад ќе вреди само ако успеат да одвојат недели за патувањето, кое со сите животни обврски никогаш не е лесно.

Qantas неодамна откри дека ќе започне директни летови (нон-стоп) меѓу Лондон и Сиднеј во 2025 година, намалувајќи го времето на патување на 20 часа. Но, да бидеме искрени, тоа е уште многу време. За среќа, можеби ваквите долги летови ќе бидат минато за десет години благодарение на идејата за суборбитални летови, што ќе доведе до револуција во транспортот.

Амбициозниот план за транспорт на патници низ светот во вселената би го намалил времето на летот од Британија до Австралија на само два часа. Летовите би влегле во вселената некое време пред да се спуштат назад во орбитата на Земјата – со што ќе извадат добри 20 часа од времето на летот. За да ја направат визијата реалност, воздухопловните експерти од Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство (АЦВ) напорно работат проучувајќи како патниците би се справиле со суборбиталните патувања на долги релации.

Avion - 2

Според последните информации, АЦВ открила дека повеќето луѓе можат да се справат со Г-силите на суборбиталните вселенски летови. Тие заклучија дека некои може да доживеат „физиолошки реакции“, но додадоа дека тие „најверојатно ќе бидат бенигни за повеќето патници“. Суборбиталните летови во моментов се достапни со ограничен капацитет, па така, на пример, Virgin Galactic им нуди на клиентите можност да се упатат во вселената за 400.000 евра по лице. Сепак, АЦВ верува дека ваквите летови ќе станат достапен начин на транспорт во следната деценија.

Тешко е да се одговори што носи иднината, но би било убаво буквално да се патува од Европа до Австралија додека се гледа само еден фудбалски натпревар со продолженија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *