Како сами да ги отстраните иглите од морскиот еж: Прва помош во критичен момент

popara17 јули, 20231min00
shutterstock1198916431-830x0

Убодот од ова морско суштество може да биде многу непријатен

Прекрасното море има многу „суштества“ на кои можеме да налетаме, особено ако зборуваме за гребени. Посебен страв имаат родителите кои одат на одмор со најмалите.

Некои од овие жители се и морските ежови кои можат да ви го уништат одморот за миг кога ќе ги згазите. Најчесто ги има на карпите и камењата на брегот, имаат кружен облик, а телото им е покриено со иглички.

Проблемот настанува аки ги згазнеме и убодот не е нималку пријатен – болно е, кожата поцрвенува и може да дојде до оток. Најчесто луѓето се боцкаат на стапалата, но тоа може да биде и на нозете или дланките.

Ако не знаете, не ги отстранувајте сами иглички бидејќи може да се скршат и да останат мали делови во ногата кои многу тешко се отстрануваат. Во 90 отсто од случаите иглите сами излегуваат од кожата по два до три дена, но подобро е да се отстранат што поскоро за да се избегне воспалителна реакција, пишува „net.hr“.

Како сами ги отстраните иглите?

Во леген измешајте вода и загреан оцет, а потоа натопете ги стапалата. Оцетот ќе ја омекне кожата, ќе ги отвори порите и ќе направи иглите да излезат од кожата. Кога ги отстранувате иглите, погрижете се да имате средства за прва помош: стерилна пинцета, игла, маст и алкохол. Обидете се да ги истуркате боцките со игла, а потоа нежно извадете ги со пинцета.

Доколку имате можност, најбезбедно е да отидете во првата здравствена амбуланта и да побарате помош од стручно лице.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag