
Кајли Џенер потекнува од семејство за кое знае цела планета, но оваа млада дама успеа да се избори за своето место „под ова небо“; прво остави свој белег како инфлуенсер, потоа како деловна жена во светот на козметиката, а сега на ред е модата.

Нејзиниот нов бренд „Khy“ веќе предизвика голема побарувачка, а нејзината денешна комбинација е доказ дека модните парчиња се токму она што ни треба.

Тесниот бел комбинезон со долги ракави одлично ја истакна нејзината половина и колковите.

Кајли се одлучи за „all white“ комбинација, а аутфитот го надополни со бела јакна и сандали.
И како ви се допаѓа?