Кога е вистинското време да ја тргнете НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА: Според фенг шуи, може да привлечете лоша енергија ако ја оставите предолго!

16 јануари, 20230
9089c35baafa43e87a665d06ea97413f1e83d74e

Домашното украсување на елката во многу семејства започнува веќе на почетокот на декември, а некои тоа го оставаат за последните денови пред Нова година.

Дополнително, се случува елката да ја оставиме и 2 до 3 месеци по дочекот, што според правилата на фенг шуи не е добро.

Освен што ќе се собере голема количина прашина и на елката и на украсите, се верува дека оставањето на елката после сите празници може да внесе лоша енергија во куќата.

Затоа, главното и непишано правило е елката да се тргне веднаш по Божиќ, односно до 20 јануари.

Според правилата на фенг шуи, сè што ја „завршило“ својата работа треба што поскоро да се отстрани од куќата. Така е и со новогодишните украси.

Припаѓа на новогодишните празници, кои веќе поминаа. Ако не ги отстраните, верувањето вели дека ментално останувате во минатото. Треба да размислуваме за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта.

Отстранете ги новогодишните украси и подгответе се за украсување на домот во март – набавете нови растенија, тие носат оптимизам, а наместо новогодишни светилки, купете некои други облици, како сијалици, кои го подигнуваат расположението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi