Кога патувате, внимателно одберете ја вашата дестинација! Некои места се опасни и по животот и по здравјето!

popara29 јули, 20231min00
738217_shutterstock-763412554_m

Постојат неколку градови во светот каде што се јавуваат одредени психички пореметувања.

Интересно е што психички растројства се развиле во неколку светски градови, па по тие градови ги добиле имињата, пишува „Atlas Obscura“.

Многу луѓе се запознаени со Стокхолмскиот синдром, кога заложникот емотивно се врзува за киднаперот. Но, постои и спротивен случај – кога киднаперот се врзува за заложникот. Овој случај се нарекува Лимански синдром, по перуанскиот град Лима.

Во Ерусалим е забележано интересно пореметување кое се нарекува Ерусалимски синдром. Кај ова акутно психолошко нарушување, пациентот замислува дека е важна библиска фигура – Дева Марија, Мојсеј, Јован Крстител, па дури и самиот Исус Христос. Симптомите обично се намалуваат неколку недели по престотој во градот.

Парискиот синдром е забележан во француската престолнина. За прв пат е забележан во 2004 година. Пациентите од непозната причина биле претежно туристи од Јапонија кои за прв пат доаѓаат во француската престолнина. Секоја година заболуваат околу 12 луѓе, главно луѓе на возраст од триесет години кои стануваат анксиозни, имаат халуцинации, а понекогаш дури и замислуваат дека се Луј XIV. Јапонската амбасада има отворена линија за своите државјани кои ги доживуваат овие симптоми. Единствениот лек е враќањето дома.

Фирентинскиот синдром се развил во италијанскиот град Фиренца во осумдесеттите години на минатиот век. Тој ги погаѓа Европејците кога ќе се сретнат со културното богатство на Фиренца. Симптомите вклучуваат халуцинации, прескокнувања на срцето и вртоглавица. Познат е и како Стендалов синдром, бидејќи францускиот писател прв го опишал за време на посетата на градот во 1817 година.

Малку посеверно, во Венеција, се развило уште едно посебно ментално растројство Венецијанскиот синдром кој се поврзува со луѓе кои доаѓаат во градот со намера да се самоубијат. Во периодот од 1988 до 1995 година, биле дијагностицирани 51 странски турист, а 16 извршиле самоубиство.

Меѓу пациентите има еднаков број мажи и жени, а мнозинството се Германци. Се претпоставува дека станува збор за културното влијание на новелата „Смрт во Венеција“ од Томас Ман, по која е снимен и филм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma