КОЛАЧ ОД КОКОС: Едноставен и вкусен рецепт кој дури и почетниците лесно можат да го направат

1 јуни, 20230
709064_kokos_f

Малку брашно, шеќер, јајца, кокос и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да го направите овој одличен колач.

Доколку сте љубител на кокос, овој рецепт дефинитивно ќе ви се допадне:

Состојки:

3 шолји брашно

1 ½  шолја шеќер

3 лажички прашок за пециво

1 лажичка сол

7 јајца

1/3 шолја вода

½  шолја масло

екстракт од ванила

1 лажичка сок од лимон

1 шолја рендан кокос

џем по вкус

Подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта. Додадете ги жолчката, водата, маслото и ванилата, па добро изматете. Белките изматете ги со миксер во цврст снег заедно со лимоновиот сок, со шпатула соединете ги двете смеси, па измешајте половина од кокосовото брашно. Истурете во калап и печете во рерна на 175 степени 55 минути. Изладете, премачкајте со џем по избор, посипете со кокос и послужете.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi