Лелеав фустан, волнени ЧОРАПИ и ОГРОМНИ ЧИЗМИ ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ! Сите гледаат во актерката, вака таа излезе на улица
Издание кое не можете да не го забележите дури и кога се работи за анонимна личност!
Актерката Хелена Бонам Картер е позната по својот прилично опуштен или крајно ексцентричен стил кога станува збор за гардеробата и додатоците.
Хелена безброј пати привлекуваше внимание на црвениот тепих во крајно необични креации кои само таа може да ги изнесе, но многумина се изненадени од нејзиниот уличен стил, поточно што носи кога е ослободена од вообичаените обврски.
Фотографите така ја фотографирале кога се шетала, а малку подоцна и со сопругот во прилично опуштено, да не речеме „запуштено“ издание. Нејзината коса е половично бојадисана, собрана во пунџа и украсена со рози. Покрај ова, на главата има и два пара очила, едните за вид, а другите за сонце.
На фотографиите носи прилично широко палто под кое се гледа шарено лелеаво здолниште, чорапи и зимски чизми, кои делуваат прилично удобно, но естетски не толку привлечно.