Познатиот холивудски актер Џони Деп беше првата ѕвезда на Канскиот фестивал. Првиот филм го сними по напорното судење со Амбер Херд, а притоа за прв пат се појави пред толпата новинари и одговараше на прашања поврзани со периодот во кој траеше судењето.
Поради ова, тој доби големо медиумско внимание, но сето тоа малку падна во сенка кога неговата ќерка – Лили Роуз зачекори на црвениот тепих во Кан.
Лили, актерка и модел, моментално е ѕвезда на хит серијата The Idol, а таа ги воодушеви сите со ретро издание на Шанел.
Ова е нејзино прв пат да се враќа на Азурниот брег на познатиот фестивал од 2017 година, а со овој аутфит во еден здив ја надомести оваа шестгодишна пауза.
Овој фустан еднаш го носеше Хелен Кристенсен, позната данска манекенка. Странските медиуми опишуваат дека Лили изгледала како директно да излегла од модната писта од деведесетите, од ерата на славниот Карл Лагерфелд.
Останува нејасно дали овој фустан е извлечен од архивата или макотрпно реконструиран специјално за младата ѕвезда. Мини фустанот со везени светки нема прерамки, има цвет во централниот дел и е така скроен што до израз доаѓа обликот на телото на младата актерка.
Деп го стилизираше својот изглед со елегантни проѕирни оперски ракавици и соодветни црни чорапи, на многу сличен начин како што беше парчето стилизирано на пистата кога беше првично претставено.