Како всушност изгледале пирамидите во Гиза: Видео кое ќе ве однесе во антички Египет

24 мај, 20230
62547345-giza

Без разлика колку пати сте ги виделе на фотографии или на филмови, никој не може да ве подготви за чувството кога конечно во живо ќе ги видите познатите египетски пирамиди во Гиза.

Некои од најстарите градби во светот, кои и денес се добро сочувани, се наоѓаат на петнаесет километри од Каиро. Тие се единствените од списокот на антички светски чуда кои и денес можат да се видат. Но, ако за сега можете само да сонувате дека ќе ги посетите еден ден, можете подобро да ги запознаете пирамидите во одличното видео на Јутјуберот Мануел Браво.

Видеото, кое е многу повеќе од снимки од одмор (какви што ги има на секој чекор), покрај историјата и интересните факти за пирамидите, со помош на виртуелна реконструкција нуди можност да се види како тие некогаш изгледале, во најдобра форма.

На десетици илјади луѓе им беа потребни околу 20 години само да ја изградат Големата пирамида, а беа искористени околу два и пол милиони камени блокови. Проценките за количината на употребените материјали се пет милиони тони варовник и осум илјади тони гранит. Пирамидите се неисцрпен извор на интересни работи кои не престануваат да ги фасцинираат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *