МЕЛ ГИБСОН Е ЧУДОВИШТЕ Помладиот брат на познатиот актер ги откри неговите најмрачни тајни

25 мај, 20230
Screenshot_2

Актерот Донал Гибсон неодамна за медиумите проговори за односот со својот постар брат Мел Гибсон.

 

 

 

Имено, Донал во интервју за „The Daily Mail“ разговарал за различните фази на својот однос со братот и открил дека славата и богатството ја уништиле нивната врска. Навел и дека Мел е виновен што го ставил на црната листа во Холивуд и со тоа сериозно му ја загрозил кариерата.

 

„Мел и јас бевме толку блиски што ми е неверојатно тоа што не разговараме, што не сме во контакт. Кога бевме деца, делевме соба, сè правевме заедно. Славата го промени. Започна да верува во сопствениот публицитет. Оној Мел кој го познавав исчезна“, објаснил Донал.

 

„Холивуд го изеде и го исплука. Според мене, славата, парите, сето тоа му „удри“ во глава и создаде чудовиште. Мразам во што се претвори“, додал тој.

 

Донал смета дека Мел е виновен за пропаста на неговата кариера бидејќи многумина сметале дека тој е како него. Имено, Мел беше на мета на критики за филмот „The Passion of the Christ“ од 2004 година поради начинот на кој се прикажани Евреите. Донал подоцна објаснил дека создавањето на тој филм и критиките кои ги добил сериозно влијаеле на неговата кариера во филмската индустрија и дека по тоа му било многу потешко да пронајде работа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi