Со оглед на тоа што европските земји се дел од западната култура, патниците веројатно нема да наидат на нешто изненадувачки таму. Сепак, некои моменти од нивното секојдневие или одредени обичаи, како што пренесува порталот Brightside, можат да бидат прилично зачудувачки, па доколку веќе одите во некоја од нив, подгответе се за следново…
Франција
1. Таа е првата земја во светот која им забрани на супермаркетите да ја уништуваат или фрлаат непродадената храна.
2. Незаконски е да се контактира со вработените надвор од работното време или за време на викендите. Исто така, повеќето компании немаат менза во рамките на компанијата, па многу луѓе ручаат во околните паркови или барови.
3. Не е мит дека Французите купуваат многу багети одеднаш. Но, тоа не значи дека ги јадат сите веднаш, главно ги замрзнуваат, па секогаш ги имаат при рака во случај продавниците да бидат затворени.
Италија
1. Во некои кафулиња можете сами да си го платите кафето, а потоа да си платите уште едно пред да заминете за следниот гостин кој доаѓа и нема среќа да може да си дозволи кафе.
2. Не сите ресторани во Италија издаваат сметки. Кога клиентите ќе го завршат оброкот, одат до влезот, кажуваат што јаделе и го плаќаат оброкот.
3. Ако сакате кафе со млеко, треба да побарате кафе лате бидејќи лате едноставно на италијански значи „млеко“.
Германија
1. Сите знаат дека Германците многу сериозно го сфаќаат својот систем за селектирање ѓубре. Доколку ѓубрето не е правилно сортирано, кесата ќе биде вратена со соодветната етикета.
2. Ако имате контакт со очите со непозната личност повеќе од три секунди, треба да кажете „здраво“ или барем да се насмевнете.
3. Туристите понекогаш не се свесни за фактот дека локалното население знае да се соблече до своето голо тело, не само на плажа или во приватноста на своите домови, туку и во градските паркови.