Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. И тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа закривени, односно да не пораснале во форма на буквата Ј.
Многумина се обидоа да го протолкуваат феноменот Krzywy Las (Крива шума), но никој не успеа да ги докаже нивните теории.
Дрвјата се засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле десет години подоцна за полесно да се користат во дрвната индустрија, особено за изградба на бродови.
Други веруваат дека младите дрвја се свиткале од големи количества снег што останал на земја во текот на зимските месеци, додека љубителите на мистериозноста шпекулираат дека обликот на боровите е резултат на тенкови кои минувале низ областа во Втората светска војна.
Се разбира, секогаш постои група на луѓе кои веруваат дека Кривата шума е резултат на вонземска активност. Иако не е познато што влијаело на изгледот на оваа шума, нејзиниот изглед воодушевува многу патници.