Иако Велика Британија има многу неверојатни атракции, некои од нив, и покрај нивната популарност, навистина не ја оправдуваат нивната слава. Новото истражување откри кои туристички атракции не мора нужно да ги посетите…
Истражувањето на CasaGo откри дека атракциите во Велика Британија со најмногу критики на Tripadvisor се опишани како „туристичка стапица“. Меѓу нив има и некои работи на кои тешко дека некогаш би помислиле, но некои критики се очигледно непопустливи.
Улицата Royal Mile во главниот град на Шкотска, Единбург, заврши на неславното прво место, а рецензентите најчесто ја споменуваа во контекст на „туристичка замка“. Дури и жителите на градот оставаат негативни критики, пишувајќи дека оваа историска улица сега е само улица полна со туристи. Но, има и такви кои сметаат дека и покрај огромниот број туристи и продавници за сувенири, улицата воопшто не треба да се прескокнува, бидејќи е пребогата со историја.
Од друга страна, главниот град на Англија, Лондон, е застапен со две атракции, и тоа London Eye и Covent Garden. За првиот треба да платите не толку ефтин билет, а потоа да чекате ред за да влезете. Да, тешко е да се најде место со таков поглед, но прашање е дали ова искуство вреди. Другата атракција е позната по одличните бутици и улични изведувачи, но гужвата понекогаш може да биде неподнослива.
Меѓу првите 10 се најдоа и култниот Стоунхенџ, како и Cavern Club во Ливерпул, каде настапувале легендарните Битлси. Во секој случај, погледнете и самите кои се топ 10, и проценете каде да одите, а каде не при посета на Велика Британија.
1. Royal Mile, Edinburgh
2. London Eye, London
3. Covent Garden, London
4. Land’s End Landmark, Cornwall
5. Shambles, York
6. The Needles, Isle of Wight
7. Stonehenge, Salisbury
8. The Cavern Club, Liverpool
9. The Witchery by the Castle, Edinburgh
10. Sally Lunn’s Historic Eating House and Museum
2. London Eye, London
3. Covent Garden, London
4. Land’s End Landmark, Cornwall
5. Shambles, York
6. The Needles, Isle of Wight
7. Stonehenge, Salisbury
8. The Cavern Club, Liverpool
9. The Witchery by the Castle, Edinburgh
10. Sally Lunn’s Historic Eating House and Museum