
Иако го користиме за подготвување тесто или колачи, тој е повеќе од одличен за одзатнување на мијалниците
Иако не ни помислувавме дека прашокот за пециво може да ни помогне да го исчистиме домаќинството, сепак тоа е можно! Со овој едноставен трик конечно ќе се ослободите од затнатите водоводни цевки, засекогаш.
Потребно е:
- Прашок за пециво,
- сол,
- оцет,
- врела вода.
Подготовка:
Измешајте половина шолја прашок за пециво и сол со половина литар оцет.
Потребно е да се изврши постапката пред спиење, за да не се користи мијалникот и растворот да дејствува што подолго. Исто така, многу е важно кога растворот ќе почне да пени, потоа исплакнете со најмалку три литри врела вода.
Оцетот со измешана вода полесно поминува низ цевките и понатаму се шири, а ќе помогне во разградувањето на мастите.
Ова ќе делува на сите одводи, мијалници, тушеви и кади. А со тоа, смесата е еколошки многу подобра од купување производи кои содржат силни хемикалии.