Напуштеното одмаралиште на Ким Џонг Ун во Северна Кореја кое се претвори во град на духови

popara21 февруари, 20231min00
62484468-beach-resort-koji-se-od-2017-godine-gradi-u-wonsanu-u-sjevernoj-koreji

Веднаш до воено-цивилната воздухопловна база и на местото на поранешниот полигон за тестирање на проектили во Вонсан, Северна Кореја, требаше да се изгради монденско летувалиште за локалното население, како и за други заинтересирани посетители.

Но, по пандемијата на коронавирус, одморалиштето Wonsan Beach се претвори во град на духови. Или, поточно, во град ккотјеби – на бездомниците.

Според јужнокорејскиот весник „Daily NK“, бездомниците се единствените кои моментално ги посетуваат низите недовршени и запуштени хотели во провинцијата Кангвон долж источната страна на Корејскиот полуостров.

Иако повеќето од 150-те планирани хотели и згради се изградени во одморалиштето, тие немаат струја, не се поставени прозорци и врати, а ѕидовите не се бојадисани. Со оглед на тоа дека нема контрола, не е чудно што одморалиштето стана место за сквотирање полно со човечки измет и саѓи од палење огнови.

Изградбата на Wonsan Beach Resort е инспирирана од тематските паркови во Бенидорм, Шпанија, поради што многумина го нарекуваат севернокорејски Бенидорм.

Идејата да се создаде луксузно одморалиште се роди во 2017 година откако тимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го посети одморалиштето Коста Бланка.

Ким Џонг-ун нареди изградба на одморалиштето, кое имаше премногу амбициозни рокови – најпрвин требаше да биде готово во 2018 година, потоа во 2019 година и на крајот во 2020 година. Кога започна пандемијата, сите градежни работи беа прекинати, а се уште не се знае кога и дали воопшто ќе бидат обновени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma