Ако некој има гламур до бескрај, тоа е Наоми Кембел. На британскиот супермодел ѝ требаат само десет минути за да го комплетира тенот, да ги зацрвени образите и да ги истакне и онака неверојатните јаготки.
„Од детството се грижам за мојата кожа бидејќи мајка ми секогаш ми велеше дека морам да ја хидрирам“, изјавила таа.
„На мојата кожа користам околу три или четири различни бои бидејќи темната кожа е таква. Не можете секаде да користите една боја“, рече таа кога почна да ја нанесува подлогата.
За дополнително да ги истакне своите црти, потоа зема потемни нијанси и руменила и ги истакна линиите на вилицата.
Таа ја помина линијата на носот и јаготките со хајлајтер, за да му даде дополнителен сјај на лицето.
„Кога бев помлада, носев толку многу шминка бидејќи мислев дека ми треба и таков треба да биде моделот“, вели Кембел за негување порелаксиран пристап низ годините.
„Се беше во мојот ум. Мислев дека морам да ја покријам секоја педа кожа. Во секој случај, работите се сменија“, додаде таа.
Погледнете го видеото подетално: