Само 11 минути физичка активност дневно прави чуда: Нова студија покажа неверојатни резултати

19 март, 20230
c9159c28f3bba25bc2b7b619a8d499fc88cd9619

Кога станува збор за вежбање, заборавете на пораката се или ништо, бидејќи тоа е стапица. Имено, кога луѓето почнуваат да работат на своето тело, најчесто имаат намера да му се посветат сто проценти. Прибегнуваат кон агресивни тренинзи, поминуваат часови во теретана, мислејќи дека само така ќе ги видат посакуваните резултати. Во реалноста, сепак, само десет минути вежбање дневно се доволни за да бидете физички и психички здрави.

Ова откритие е направено благодарение на големата, нова студија, објавена во британско специјализирано списание. Врз основа на неа, заклучено е дека само 11 минути дневна аеробна активност со умерен до силен интензитет може да го намали ризикот од хронични заболувања и смрт.

Студијата е спроведена од Универзитетот во Кембриџ и претставува преглед на податоци од дури 196 студии. Повеќе од 30 милиони возрасни лица беа следени во период од десет години. Така, откриено е дека 75 минути активност со умерен интензитет во текот на неделата (околу 11 минути на ден) е поврзана со 23 отсто помал ризик од прерана смрт, 17 отсто помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести и седум отсто помал ризик од рак, во споредба со луѓето кои биле неактивни.

Да потсетиме, во САД постојат упатства поврзани со физичката активност – се препорачуваат 150 минути (22 на ден) физичка активност со умерен интензитет и два дена вежбање неделно во текот на кои би се зајакнале мускулите.

„Ако сте некој кому идејата за 150 минути физичка активност со умерен интензитет неделно ја сметате за малку страшна, тогаш овие податоци ќе ве направат среќни. Подобро е да правите каква било физичка активност отколку да бидете целосно неактивни“, рече Д-р Сорен Брејџ, автор на студијата од Универзитетот во Кембриџ.

Меѓутоа, ако сакате да вежбате повеќе од 75 минути неделно, ќе имате повеќе енергија, подобро ќе управувате со стресот, ќе бидете расположени и помалку склони кон депресија. Во принцип, колку повеќе вежбате, толку повеќе ќе имате корист.

И минатогодишното истражување објавено во американско списание покажа дека луѓето кои вежбале 2-4 пати повеќе од препорачаниот минимум живеат подолго од оние кои воопшто не вежбале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi