Најголемата дилема на сите домаќинки: Дали месото треба да го ИЗМИЕТЕ под млаз вода пред готвењето?

6 февруари, 20230
Meso-2

Еве што покажаа студиите

Вечната дилема на секој кој некогаш подготвил каков било ручек со месо е дали е неопходно да се измие месото пред употреба.

Факт е дека на површината на месото може да се акумулираат разни бактерии, особено кога тоа подолго време стои на истото место во продавницата, а тоа е нешто што секој би сакал да го избегне.

Затоа луѓето во тој момент се одлучуваат за побезбедна опција, а тоа е месото да се измие со вода.

Во некои земји дури користат киселини како лимон или оцет.

Сепак, се поставува прашањето дали тоа е неопходен чекор?

Различни истражувања и лабораториски тестови покажаа дека миењето сирово месо со обична вода од чешма не е ефикасно за отстранување на бактериите и всушност може да направи повеќе штета отколку корист, бидејќи патогените вируси се шират на работната површина и на другата храна.

Сепак, од вас зависи да одлучите дали ќе го прескокнете овој чекор или пак ќе го миете месото пред да готвите. Миењето на месото со вода секако не е на одмет бидејќи нема да му наштетите на месото, но анализите покажале дека патогените не се отстрануваат на тој начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi