Најефтината држава за живеење, во која карта за јавен превоз чини 3 центи, а месечна кирија е – 60 евра

popara27 јуни, 20231min00
62575298-karachi-pakistan

Според The ​​World of Statistics, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење. За да дознае дали навистина е така, Џош Ларкин од каналот „The Burnt Chip“ на YouTube отпатува до неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со неа за еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежи со традиционалниот пакистански пијалок дудта – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалок, на улица за само 30 рупии.

За ручек јадел бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко – и пиел пепси за само 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку.

Во Карачи се обидел да јава камили, возел тук-тук и го гледал танцот на отровните змии на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што видел, доживеал и вкусил Џош Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео подолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag