Луксузниот балон со топол воздух со низок удел на јаглерод на француската компанија „Zephalto“, наречен „Celeste“, ќе превезува до шест патници, плус двајца пилоти, на шестчасовно патување, почнувајќи од крајот на 2024 година.
Дали би платиле речиси 120 илјади евра за ручек? Најпрво сигурно ќе ја затресете главата лево-десно. Но, што ако местото за ручек е планирано во луксузен балон со топол воздух на работ на вселената?
Ова е мисија со Мишелин ѕвезди. Туристичка компанија продава билети за патувања во луксузен балон на топол воздух – капсула под притисок прикачена на стратосферски балон – во кој на храбрите гурмани ќе им се служи храна со квалитет со три Мишелин ѕвезди на работ на вселената, пишува „New York Post“.
Луксузниот балон со топол воздух со низок удел на јаглерод на француската компанија „Zephalto“, наречен „Celeste“, ќе превезува до шест патници, плус двајца пилоти, на шестчасовно патување, почнувајќи од крајот на 2024 година. Компанијата, се разбира, ова го нарекува „животно искуство“. Замислете како пиете шампањ послужен на височина од 20.000 метри додека гледате надолу во стратосферата на Земјата.
Доколку се одлучите, за почеток треба да платите околу 10 илјади евра само за резервација, а пред вистинскиот лет за додадете уште 110 илјади …
Луксузниот лет ќе достигне максимална височина за 90 минути и ќе лебди над Земјата три часа – доволно за оброк од повеќе јадења. Готвачот не е објавен, но гостите на патувањето ќе добијат приспособено искуство прилагодено на нивните преференци во исхраната и барањата за оброците.
„Celeste“ е дизајниран од францускиот архитект Џозеф Диран, кој исто така стои зад ресторанот „Loulou“ во Лувр. „Визијата на Зефалт е да им понуди на гостите можност да ја погледнат Земјата од нова перспектива и да бидат сведоци на нејзината сферична крива, во темнината на вселената, но во удобноста на квалитетот, гостопримството и безбедноста“, се вели во соопштението на компанијата.
Можеме само да додадеме – убаво е да се биде богат.