Ве водиме до Сицилија, каде што базенот на хотелот „San Domenico Four Seasons“, познат по серијата White Lotus, го дизајнираше Dolce&Gabbana и до брегот Амалфи, каде што клубот со базен на луксузниот хотел Palazzo Avino го дизајнираше Valentino.
На почетокот на годината некои светски дестинации се издвоија како овогодинешни задолжителни посети, а тоа, верувале или не, благодарение на успешните серии прикажани на омилените стриминг канали. Во ова се чини дека предничи Италија, поточно југот на Италија.
Една од најпосакуваните локации стана Сицилија, благодарение на втората сезона на серијата “White Lotus”. Хотелот кој е срцето на настаните од серијата, „San Domenico Four Seasons“ во Таормина, кој нуди спектакуларни погледи и волшебна атмосфера што го прави врвна дестинација за познати личности и холивудски ѕвезди, беше распродаден неколку месеци однапред. Зградата била луксузен манастир во кој престојувале монаси од богати аристократски семејства. Претворен во хотел, тој влезе во историјата на светската кинематографија со своите ходници и фасади. Сето ова беше повеќе од доволно за да го направи овој иконски филмски сет привлечен за луксузните брендови и да создаде интересни соработки. Хотелот „San Domenico Four Seasons“ во Таормина може да се пофали дека нивниот простор и барот околу базенот се украсени со познатиот сино-бел принт на брендот Dolce&Gabbana. Признаваме дека изгледа прекрасно.
View this post on Instagram
Од Брендот порачуваат: „Одморалиштето, украсено во сино-бела боја, нуди прекрасна атмосфера за летото 2023 година за да се нурнете и да уживате во вашиот одмор, со неверојатен поглед на планината Етна и инфинити базен. “Долче (роден во Таормина) и Габана (од Милано) имаат силна врска со Сицилија и својата ревија Алтер Мода ја одржаа во Сан Доменико во 2012 година, кога сè уште не постоеше Four Seasons. Освен во Таормина, искуството на DG Resort е достапно и во Марбела, Капри и Сент Тропе.
View this post on Instagram
За летото 2023 година, луксузниот хотел Palazzo Avino, украсен со пет ѕвезди и лоциран на познатиот италијански брег Амалфи, соработуваше со модната куќа Valentino. Изграден во поранешна приватна вила од 12 век и отворен како хотел во 1997 година, Palazzo Avino е прогласен за еден од најдобрите хотели во светот.
View this post on Instagram
Лоциран во средновековното село Равело високо на карпите, над синото Средоземно Море, Beach Club Palazzo Avino е дополнително атрактивен со фактот што е украсен во боите на Valentino: лежалките, чадорите и деталите доловуваат шарм на луксузниот бренд кој многумина го обожаваат, како и веста дека гостите на хотелот имаат можност да изберат атрактивни парчиња од капсулната колекција Escape 2023.
View this post on Instagram
Можноста за уживање во ова поп-ап издание трае до крајот на септември.
View this post on Instagram