На врвот на Европа: Неверојатна градба на 3454 метри надморска височина до која се стига со воз

popara6 април, 20231min00
62516931-jungfraujoch

Jungfraujoch на западниот дел на Швајцарија според многумина е едно од најубавите места во земјата, а го нарекуваат и Врв на Европа. Овој планински врв се издига до 4158 метри, а на височина од 3454 метри ќе ја најдете највисоката европска железничка станица, како и импресивна опсерваторија.

Планинските врвови се класичен пример за сурова средина која служи како идеална средина за различни истражувања, од физиолошки до астрономски. Кога станицата Jungfraujoch на Бернските Алпи беше отворена во 1912 година, таа им овозможи на љубопитните научници лесен пристап до голема надморска височина.

Опсерваторијата Сфинга е изградена на шокантно стрмна карпа во 1937 година. Со неколку лаборатории, метеоролошка станица, астрономски куполи и телескоп, Сфингата служела за проучување на глациологијата, медицината, физиката на космичките зраци и астрономијата.

Со текот на годините, Сфингата била надградена и приспособена на потребите на научниците. Денес опсерваторијата е целосно опремена со струја, вода, телефон и интернет.

До меѓународната истражувачка станица и опсерваторија може да се стигне со воз и ултра брз лифт, кој се искачува на висина од 108 метри за 25 секунди. На патот кон Сфингата, посетителите не треба да решаваат загатки како во приказните за ова митолошко суштество – тоа можат да го препуштат на истражувачите. Доволно е да уживате во погледот на околните врвови и природата. Панорамскиот поглед од терасата затворена со решетки гледа над снежните Алпи, зелените долини и глечерот Алеч, најдолгиот на Алпите, кој се протега до Германија и Италија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma