На потполно ПРИРОДЕН НАЧИН можете ДА ЈА ОСВЕТЛИТЕ КОСАТА за две до три нијанси – еве и како!

popara4 јуни, 20231min00
676 (1)

Ова е одлична алтернатива за скапите и штетни бои за коса, а резултатот е фантастичен. Освен што може да стане посветла како после летен одмор и изложување на сончевите зраци, косата ќе изгледа и видно поздрава.

Овој метод на осветлување е наменет за светло кафена и руса коса, резултатите се најдобри тогаш – косата е посветла за две до три нијанси. Исто така, тој е подобар избор од класичните фарби бидејќи не ја оштетува косата.

Циметот ќе ја осветли и потемната боја на косата, но тогаш третманот треба да се повтори неколку пати. Понекогаш резултатот изостанува, а зависи од структурата и бојата на косата. Рецепт за маска со цимет (количина за долга коса):

Состојки:

3 лажици цимет

3 лажици мед

5 лажици регенератор за коса

Постапка:

Медот и циметот измешајте ги убаво да се соединат, па во смесата додајте го балсамот. Маската се нанесува на чиста, исушена коса. Доколку сакате да добиете ефект на прамени, тогаш разделете ја косата и нанесете ја смесата само на надворешниот дел од косата – во тој случај косата ќе осветли како да сте на море и на сонце.

Внимавајте смесата да не ја оставите на лицето и не ja втријувајте во скалпот, бидејќи тоа може да предизвика иритација на кожата.

Откако ќе ја нанесете маската, замотајте ја косата со кеса и пешкир за да остане топла. Отстранете го пешкирот по половина час, а маската под најлонот оставете ја на главата уште 4 до пет часа. На крајот, исплакнете со топла вода.

И не заборавајте, оваа маска е наменета да ја осветли природната боја на косата, а не бојадисаната коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag