Во периодот пред пандемијата, духовниот туризам, кој вклучува велнес туризам, беше растечки тренд на глобално ниво. Како што сегашните мерки попуштаат, а светот полека се отвора за патување, местата познати по својата духовна енергија се очекува да бидат многу популарни.
- Стариот град во Ерусалим, Израел
Стариот град во Ерусалим често се издвојува како едно од најпознатите духовни места во светот. Во него се сместени некои од најсветите места за верниците од различни религии, вклучувајќи го западниот ѕид за јудаизмот, црквата на Светиот гроб за христијанството и куполата на карпата за исламот.
Но, дури и ако ова место не го посетуваат верниците, звуците, мирисите и тесните калдрмани улички, античката архитектура и мултикултурниот свет, продавниците и храната, го отвораат умот. Има и такви туристи кои овде чувствуваат дека имаат некои силни духовни врски со Ерусалим, сметајќи ги за врски од некој минат живот.
Меѓутоа, додека не се свртат кон внатрешното битие, туристите не можат да имаат такво чувство на духовност додека се на ова место.
- Гати Варанаси, Индија
Најстариот и најсветиот град во Индија постоел во времето кога Буда ја одржал својата прва проповед таму, околу 1400 п.н.е. Во Варанаси има повеќе од 3.000 хинду и 1.300 муслимански светилишта, како и бројни будистички и христијански духовни места.
Она по што е уште попознат Варанаси се скалите, односно „гатите“ покрај реката Ганг. Повеќе од 80 од нив се водат во реката од правец на хинду храмови, светилишта и палати. Токму на овие места се врши традиционалното капење во реката Ганг, а верниците на тој начин се чистат од кармата и се ослободуваат од циклусот на инкарнации. Има и „гата“ за кремирање, а духовноста се чувствува на секој чекор.
- Луанг Прабанг, Лаос
Мирен и опуштен, поранешниот главен град на истоименото историско кралство има 33 будистички светилишта, кои го отелотворуваат учењето на Буда дека вистинската суштина на секое човечко суштество е во неговото внатрешно битие.
Градот е опкружен со реката Меконг, планини и водопади. Освен посета на многубројни храмови, туристите можат да ги набљудуваат и секојдневните ритуали на монасите и калуѓерките и подобро да ја запознаат локалната култура.