
Ако ви здосади упорното миење на кадата и славините, а дамките од бигор сè уште остануваат и ве гуши мирисот на хемикалии, пробајте го овој природен начин
Имено, една намирница која е прилично запоставена и се користи само за правење сокови и зимница може да ви помогне во средувањето на домот, а можеби и подобро од средствата на кои веќе сте навикнати. Се разбира, зборуваме за лимонтусот.
За блескаво чист мијалник, направете го следново:
Лавабото посипете го со сода бикарбона, прелијте го со содржина од една кесичка лимонтус и исцедете половина лимон. Почекајте неколку минути и нежно исчистете со сунѓерче. Исплакнете со вода.
Чистење на машината за садови
За да ја исчистите машината, истурете една кесичка лимонтус во преградата за таблети и вклучете ја машината на стандардна програма за миење садови. Ќе се изненадите колку се сјајни садовите и колку е чиста машината.
Лимунтусот го чисти електричниот бокал
Често се случува на дното на електричниот бокал да се фати бигор, кој не може да се исчисти со обичен детергент. Затоа, во него сипете 1 литар ладна вода и загрејте го додека не зоврие, а потоа во зовриената вода додадете 2 кесички лимонтус. Промешајте и оставете ја водата целосно да се излади, околу еден час. После тоа, истурете ја водата и исплакнете го електричниот бокал.