Дали сте слушнале за Vei Rönkkönen? Станува збор за необичен уметник кој целиот свој живот го поминал во финската општина Парикала во близина на границата со Русија.
Во текот на денот, тој работел во блиската фабрика за хартија и целото слободно време го поминувал учејќи за изработка на статуи. Скулптурата всушност била негов начин на комуникација со светот, со оглед на тоа што тој бил многу интровертна индивидуа.
Во педесетте години од неговата аматерска кариера во скулптурата, тој направил околу 550 необични бетонски статуи и ги поставил на својот имот од приближно половина хектар, кој денес го формира Паркот на скулптурите Парикала во Коитсанлахти.
По неговата смрт во 2010 година, паркот беше отворен за јавноста. Влезот е бесплатен и секоја година привлекува приближно 25.000 луѓе кои сакаат да го истражат неговиот неверојатен шумски свет.
Иако меѓу статуите може да се најдат различни животни и растенија, поголемиот дел од колекцијата се состои од статуи на луѓе кои изведуваат јога. Самиот уметник призна дека овие статуи се всушност спомени на неговото поранешно тело. Во импресивниот парк можете да видите статуи на луѓе од различни култури, но и во различни емотивни состојби – од воодушевување до целосна агонија.
Дел од неговите скулптури можете да погледнете подолу:
.