Истражувачката подморница Наутилус открива непознати области на океанот и со своите откритија им помага на биологијата, геологијата и археологијата. Истражувањата на Наутилус може да се следат во живо, а откритието од април 2022 стана вирално.
Патот до Атлантида
Истражувачите кои управуваат со возилото во длабока вода наидоа на она што се чини дека е дното на пресушено езеро длабоко илјада метри на гребенот Лили’уокалани, во рамките на Морскиот национален споменик Папаханаумокуакеа, на врвот на морската планина Ноотка. Во еден мал дел, кој веднаш ја поттикна имагинацијата на истражувачите ширум светот, формацијата има неверојатна сличност со пат од тули.
Вулканска цигла
Сепак, тој не е официјално идентификуван како патот до Оз или Атлантида, туку – нешто помалку сензационално – како скршен проток на карпа од хијалокластит, вулканска карпа формирана во ерупции со висока енергија. „Уникатните фрактури од 90 степени веројатно се поврзани со стресот на загревање и ладење од повеќекратните ерупции на овој раб“, објасни истражувачкиот тим. Доста возбудлив пример од геологијата, мора да признаеме.