Во најновото интервју актерката си ја отвори душата и го опиша својот пат до родителството
Пред точно една година Пријанка (40) и нејзиниот сопруг, музичарот Ник Џонас (30) изненадија многумина со тоа што објавија дека станале родители. Девојчето го крстиле Малти. Според Вог, не сите ја дочекале веста со воодушевување, некои од коментарите биле негативни, имало и луѓе кои шпекулирале дека Пријанка „изнајмила“ матка од друга жена и дека таа самата не сакала да ја изнесе бременоста, од суетни причини.
Иако и понатаму сака причините за оваа одлука да останат приватни, таа во едно интервју го кажа следново:
– Имав медицински компликации. Ова беше неопходен чекор и многу сум благодарна што бев во позиција да можам да го направам тоа. Нашата сурогат мајка беше толку великодушна, добра, убава и забавна, а за овој скапоцен подарок за нас се грижеше шест месеци, рече таа. Бев многу заштитнички настроена кон ова поглавје од животот со ќерка ми. Затоа што веќе не е само мојот живот во прашање, туку и нејзиниот.
Малти е родена предвреме, на само шест месеци, па морала да помине 3 месеци во болница.
– Беше толку мала, помала од мојата рака, се присетува Пријанка, видов што прават медицинските сестри на одделот за интензивна нега. Тие ја вршат Божјата работа. Ник и јас стоевме покрај неа додека ја интубираа. Не знам ни како го пронајдоа тоа што го бараа во нејзиното мало тело, да ја интубираат.
Конечно, актерката имаше порака до сите кои шпекулираа за нејзината одлука да стане мајка на овој начин:
– Не ме познавате, не знаете низ што поминав. И само затоа што не сакам јавно да ја објавам мојата медицинска историја, или на мојата ќерка, тоа не ви дава право да измислувате причини, беше јасна Пријанка.
-Почнав да се кријам кога луѓето зборуваат за мене, продолжи таа, но многу е болно кога зборуваат за мојата ќерка. Си помислувам „држете ја на страна од сè“. Знам како се чувствував држејќи ги нејзините мали раце додека се обидуваа да и ги најдат вените. Значи, не – таа нема да биде трач, ја завршува својата исповед Пријанка.