Не ја фрлајте ВОДАТА во која сте ги вареле компирите: Овој сок има МОЌНО дејство, еве за што се користи

popara31 март, 20231min00
Sok-od-krompira

Кората од компир содржи голема количина на витамини Ц и Б, калиум, сулфур, калциум, железо, фосфор, бакар, како и фитонутриенти и органски соединенија. Токму затоа не треба да ја отстранувате кога готвите компири.

Како се подготвува течноста?

Значи, компирот не треба да се лупи, туку само добро да се измие и да се отстранат изртените делови.

Состојки за 4 порции:

2 големи компири
2 чаши вода
друг зеленчук (целер, спанаќ, зелка) по желба

Подготовка:

Исечете ги компирите на мали парчиња. Додадете вода и варете 2-3 минути. Процедете ја течноста, оставете ја да се излади, па ставете ја во фрижидер 2-3 часа. Промешајте и можете да ја пиете.

За што е добар „сокот“ од компир?

За здравјето на кожата

Помага при проблеми со сува кожа, брчки, старечки дамки. Добро ја навлажнува кожата одвнатре, помага против псоријаза, егзема, акни, ја штити кожата од инфекции. Само почекајте течноста да се излади и испијте.

За убавина на косата

Оваа течност помага и против првут, како и против воспаленија. Со нанесување на косата од корен до врв ќе го подобрите сјајот на косата, а доколку имате кадрава или брановидна коса ќе помогне полесно да се формираат локните. По нанесувањето на косата, оставете да делува 10-20 минути пред да ја исплакнете.