Изразот на лице ќе ве насмее: Џенифер Анистон не можеше да поверува што ѝ понудија на премиерата на нејзиниот нов филм

31 март, 20230

Холивудската актерка Џенифер Анистон деновиве ширум светот го промовира вториот дел од филмската комедија „Murder Mystery“ во која глуми заедно со нејзиниот колега Адам Сендлер. Холивудската миленичка пристигна на премиерата во Лос Анџелес во предизвикувачка креација со потписот на Версаче и уште еднаш докажа дека е кралица на префинетиот стилски минимализам.

image

Целата филмска екипа се собрала на премиерата, а Џенифер Анистон била шокирана кога и понудиле огромен сендвич како ужина. Нејзиниот израз на лицето зборуваше повеќе од илјада зборови, бидејќи актерката долго време немала видено толкаво количество храна и калориска бомба пред себе.

Холивудската актерка во февруари го прослави својот 54-ти роденден, а бројните роденденски честитки кои ги доби во тој период покажаа дека таа и понатаму е една од најомилените филмски актерки. „Со годините стануваш позабавна и поневеројатна“, „Те сакаме“, „Ти си нашата најголема ѕвезда од деведесеттите“, „Жена чиј сјај не избледува“, ова беа пораките што ги доби од нејзините фанови.

image

„Почувствував многу љубов од толку многу драги луѓе и сето тоа ќе ме носи низ оваа дива и прекрасно непозната година пред нас“, одговори актерката која повеќе од пет години ужива во сингл статусот. На врвот на славата се омажи за колегата Бред Пит од кој се разведе по пет години брак во октомври 2005 година, бидејќи Бред ја запозна фаталната Анџелина Џоли на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Вториот брак со американскиот режисер Џастин Теру траеше уште пократко. Тие се разделија во 2017 година по две години брак и пет години заеднички живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi