Масовниот туризам одамна зеде замав, па некои градови решија да застанат и да кажат – доста. Последната одлука за сузбивање на масовниот туризам ја донесе Амстердам, со одлука за забрана за пристигнување на бродови за крстарење. Холандската престолнина не е првиот, а веројатно ниту последниот град кој се одлучил на овој потег, со желба на овој начин да ги „избрка“ еднодневните туристи.
Масовниот туризам веќе подолго време е тема за која многу се зборува во светот на патувањата, може да се каже дури и долго време. Некои туристички дестинации активно ги „молат“ посетителите да ги избегнуваат, додека одредени европски градови популарни за пиење и ергенски забави преземаат мерки за да го потиснат таквото однесување на туристите.
Амстердам, главниот град на Холандија, познат по музеите, баровите и каналите, е еден од нив. Градот неодамна започна кампања „Stay Away“ наменета првенствено за младите британски туристи кои диво доаѓаат да се забавуваат во градот. Исто така, градот забрани пушење канабис на улиците во Red Lights дистриктот.
Но, не завршува тука – со најновиот потег во борбата против масовниот туризам, Амстердам е подготвен да им забрани на бродовите за крстарење да влезат во градот. Во моментов, бродовите за крстарење можат да се закотват во близина на центарот на градот во Круз Порт Амстердам, кој се наоѓа во центарот на холандската престолнина и на непосредна близина од популарните туристички дестинации како што се Кралската палата, Куќата на Ана Франк и Red Lights District.
Приливот на посетители на еднодневните патувања од бродовите за крстарење и загадувањето предизвикано од пловните објекти не и се допадна на амстердамската коалиција на зелени и центристички партии, кои како причини за забраната ги наведоа „дневното загадување на воздухот“ и „притисокот врз квалитетот на животот“. Коалицијата рече дека бродовите за крстарење „не се во согласност со одржливите амбиции на градот“ и ги нарушуваат плановите за развој за нов мост што ќе го поврзе историскиот јужен кварт на градот со квартот Норд.
Дали овие забрани ќе ги одвратат туристите од пренатрупаноста на главниот град на Холандија? Не сме навистина сигурни, но дефинитивно ќе помогне во тоа барем малку.