Обидете се да ги најдете бројот и зборот во оваа илустрација: Само ретки ќе успеат

23 јануари, 20230
rainbow-riches-casino-830x0

Тестирајте ја вашата моќ на набљудување

Во 1990-тите, сите игравме со дводимензионални слики кои, доколку се гледаат доволно долго, ќе станат тродимензионални. Сепак, не секој успева од дводимензионална да види тродимензионална слика.

На тие слики всушност се работи за дводимензионални шари кои се повторуваат, а потоа со одредена техника на гледање може да се појават како тродимензионални. Стереограмите што се користат за проучување на длабочината на човечкиот вид исто така работат според овој принцип.

Со оглед на тоа што човечките зеници се оддалечени приближно 66 милиметри, секое око ја гледа сцената малку поинаку, а потоа настапува мозокот за да ни ги олесни работите за да не гледаме постојано двојни слики. Сепак, со малку вежбање и фокусирање, можете да ги навикнете очите повремено да гледаат и 3D слика.

Доколку сакате да го тестирате вашиот мозок и моќта на набљудување, денес ви подготвивме еден стереограм. Ако мислите дека имате одлично око за детали, тогаш оваа оптичка илузија сигурно ќе ги стави на тест вашите вештини.

Имено, како што пишува „The Sun“, на илустрацијата има еден двоцифрен број и еден збор, кои треба да ги најдете. Според нив, ќе успеат само најинтелигентните.

Дали успеавте?

Ако не, обидете се да ги фокусирате очите на нешто друго додека илустрацијата е пред вас.

Ако сè уште не сте успеале да ги видите бројот и зборот, подолу прочитајте што всушност се крие.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *