ОВАА ПОЗА КРИЕ ЕМОЦИИ, ДОДЕКА ДРУГА КАЖУВА ДЕКА Е НЕСИГУРЕН: Еве што кажуваат позите за време на односот за вашиот партнер

popara7 јуни, 20231min00
676 (2)

Што откриваат „говорот на телото“ и омилените пози во кревет за партнерот? Дали, да речеме, ако на мажот му се допаѓа мисионерската поза, тоа значи дека е досаден?

Тоа всушност кажува нешто сосема спротивно.

Мисионерска поза за доверлива личност

Мажите кои ја сакаат мисионерската поза во сексот, строго се придржуваат до правилата во животот, се верни и нежни партнери кои нема да ја разочараат партнерката. Тие се сигурни и воопшто не се здодевни. Во оваа поза целото негово внимание е насочено кон партнерката, а има и контакт со очи, прегратки, бакнежи. За стабилност и размена на нежности, таков маж е совршен избор, истакнува експертот за говор на телото, Жан Харгрејв.

Поза лажица за чувствителен тип

Позата лажица, односно поза во која двајцата партнери лежат на страна, а мажот е зад партнерката, открива личност која постојано бара потврда за чувствата на жената. Оваа поза овозможува посебна интимност, што укажува дека мажот е чувствителен тип, објасни Харгрејв.

Доги стилот не го открива емоционално

Ако мажот го обожава доги стилот, тој всушност сака да доминира, да биде алфа мажјак и не сака премногу емотивно да се отвора. Бидејќи во оваа поза нема никаков контакт со очите, тоа е она што тој всушност го сака бидејќи така добива сигурност. Оваа поза не вришто со љубов и почит, а доколку инсистира на таа поза, можеби има проблеми со самодовербата.

Ако жената е горе, мажот се грижи и за нејзиното задоволство

Иако на повеќето мажи оваа поза најмногу им се допаѓа, таа не кажува многу добро за нив. Ако мажот инсистира на неа, тој навистина не сака да вложи премногу труд, туку ја остава својата партнерка да ја игра играта. Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на другите делови од животот затоа што овој маж е најчесто навикнат се да му се сервира. Но, ако не инсистира само на оваа поза, туку му е една од омилените, се работи за вжештена фантазија и таквиот маж ќе може да и пружи многу добра забава на партнерката.

Полупрегратка е знак дека е задоволен во врската

Позата во која жената лежи на стомак, а мажот ја прегрнува за време на секс во т.н полупрегратка е знак дека му е пријатно и е задоволен во врската.

Ако мажот ја привлекува својата партнерка кон себе за време на сексот, тој сака поголема интимност

Кога станува збор за „говорот на телото“, експертите велат дека мажот се плаши од обврски, доколку се „трга“ после секс. Со овој потег тој создава безбедно растојание и психолошки и емоционално. Лежењето на страна после секс открива посесивна личност Доколку после секс лежи покрај партнерката во поза со лажица, односно на страна, мажот е „луд од љубов“, но и донекаде посесивен. Во оваа поза тој ја штити својата партнерка, што укажува на доминација. Меѓутоа, ако сака да се гушка, но со партнерката зад себе, оваа поза открива некој кој сака другите да се грижат за него.