Ова е еден од најубавите градови во Африка, познат е и како град на зачините (ВИДЕО)

popara29 јуни, 20231min00
721936_shutterstock-1974784316_m

Маракеш е веројатно најпознатиот град во Мароко. Туристите го обожаваат поради неговата посебна атмосфера и бројните знаменитости.

Маракеш не е главен град на Мароко, но е многу популарна туристичка дестинација. Градот има неколку уникатни и високо посетени знаменитости.

Ви претставуваме некои од нив:

Тајната градина – прекрасна градска оаза

Градината „Le Jardin de Secret“ во центарот на градот била дизајнирана на почетокот на векот, но до 1934 година, целосно пропаднала. Повторно била отворена во 2016 година со градини дизајнирани од британскиот пејзажен архитект Том Стјуарт Смит.

Градината е поделена на егзотична градина и исламска градина и е место со возвишена убавина и мир. Има прекрасна кровна тераса каде што можете да уживате во чај од нане и некој домашен колач.

Арапско кафуле – Место за уживање во коктели

Овој бар на посетителите им нуди ладно вино, амбиентална музика, удобни фотелји и многу сенка.

Овде можете да пробате ледена Маргарита или друг коктел и да го гледате раздвижениот марокански град од птичја перспектива.

Музеј на фотографија

Музејот се простира на три ката во куќа од 17 век. Во музејот „Maison de la Photographie“ се наоѓа голема архива.

Музејот, во кој се чуваат илјадници оригинални фотографии направени во Мароко помеѓу 1879 и 1960 година, е вистинското место за љубителите на фотографијата и историјата.

Мода и гламур – музеј на „Yves Saint Laurent

Францускиот креатор го посетил Маракеш во 1966 година. Тогаш решил да изгради куќа таму. Во следните четириесет години, атмосферата на Маракеш влијаела на неговото творештво.

Денес, овој град го има музејот „Yves Saint Laurent“. Во него се сместени познати. Меѓу другите, изложени се неговиот познат смокинг, фустанот Мондријан и сафари јакната.

Во еден дел од музејот се одржуваат изложби на марокански уметници и дизајнери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma