Ова ни треба денес: Погледнете го Кијани Ривс покриен со кученца

19 март, 20230
o_28375939_1280

Еден од омилените актери е среде промотивна кампања за неговиот нов филм од серијалот Џон Вик. И додека на екранот неговиот лик беше платен убиец кој излезе од пензија за да се одмазди за убиеното куче, Кијану Ривс во реалниот живот беше опсипан со мали златни ретривери. Актерот гостуваше во емисијата Tonight Show која ја води Џими Фалон. Но, наместо вообичаеното задевање што им го приредува на гостите во интервјуата, Фалон реши да го подложи Ривс на квиз. Квиз со кученца.

Точен одговор, добиваш кученце, погрешен одговор, кутрето оди кај противникот – тоа се правилата. Иако Киану на почетокот вели дека нема поим за овие „животински“ работи, набрзо беше преплави со кученца. Иако квизот беше јасно наместен за актерот да заврши под симпатична тумба златни кученца, тој тоа секако го заслужува.

„Нема да земам кученце од Џон Вик“, рече Фалон, додека Ривс се забавуваше во неговата фотелја. На крајот, водителот навистина успеал да земе едно кученце, но актерот бил толку обземен од среќа и со полни раце што не презел ништо. Тој потоа се прогласи за крал на кученцата, што е апсолутно точно.

image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *