Во поголемиот дел од годината, жителите на ова село во Европа немаат контакт со остатокот од светот
Помеѓу 2.060 и 2.200 метри надморска височина, на планината Шхара во Грузија, во регионот Сванети, се наоѓа „највисокото“ населено место во Европа. Ушгули е всушност заедница од четири помали села: Жибијани, Чвибијани, Чажаши и Муркмели и во нив живеат околу 70 семејства или околу 200 жители.
Единствениот пат по кој се стигнува до ова село е патот кој води до градот Лентехи, а често не е достапен. Во текот на летото, можно е да се стигне до највисокото село во Европа со автомобил, но во зима тоа обично не е можно. Снегот го покрива целото подрачје шест месеци во годината.
Децата одат во локалното училиште, а таму ги има сите потребни институции за функционирање на селото, наведува „National Geographic“.
Во текот на летото, можно е да се стигне до највисокото село во Европа со автомобил, но во зима тоа обично не е можно. Снегот го покрива целото подрачје шест месеци во годината.
Сепак, на жителите на ова село тоа не им пречи. Тие се навикнати на условите во кои живеат.
Посебна атракција на ова место е капелата од 12 век, изградена за време на владеењето на кралицата Тамара, а покрај неа има уште неколку објекти на списокот на светско наследство на УНЕСКО, од кои за Сванети се особено карактеристични одбранбените кули – област инаку богата со историја.
Жителите на овие четири села важат за исклучително гостопримливи.
Интересно е и тоа што во ова село е снимен и филмот „Salt for Svanetia“ во режија на Михаило Калатозов.