ОВИЕ 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈПАМЕТНИ!

16 март, 20230
666092_spiral-golden-particles-glitter-background_f

Близнаците се на врвот на листата на најпаметните хороскопски знаци.

Близнаци

Близнаците лесно учат нови работи, па не е чудно што се меѓу најпаметните хороскопски знаци. Овој воздушен знак постојано црпи информации од различни извори и секогаш има подготвен одговор или соодветна контра-реакција.

– Без разлика дали се работи за сеќавање на сцена од филм, духовита реплика или решение да се поправи нешто, менталната умешност и способноста на Близнаците да гледаат различни исходи одеднаш даваат голема предност – изјави Џил Лофтис, астролог и основач на „Nuit Astrology“.

Стрелец

Припадниците на овој знак се секогаш подготвени за нови авантури и искуства.

– Дефинитивно тие се оние кај кои се наоѓа изворот на мудроста и така доаѓаат до генијални решенија – објаснила Џил Лофтис.

Стрелците се нарекуваат филозофи на Зодијакот, а како огнен знак имаат огромна жед за знаење и откривање нови работи. Тие сакаат да ја искористат својата интелигенција за добри цели.

Шкорпија

Овој знак е исклучително мудар и има посебен агол на гледање на животот, се истакнува со уникатен начин на размислување, вели Рајан Маркард, астролог и основач на „Ryan’s Astrology“, додавајќи дека овој воден знак обично е три чекори понапред од другите.

– Тие се оние кои често откриваат скриени индиции кои другите ги пропуштаат, поради што побрзо од повеќето наоѓаат одговори и решенија – вели тој.

Водолија

Со својот оригинален начин на размислување, Водолијата дури се смета за најчуден знак на Зодијакот. Поради нивните необични тенденции, можеби нема веднаш да го забележите нивниот памет, но тие обично се барем еден чекор понапред од повеќето. Овој воздушен знак размислува многу брзо и може да ги надмудри другите за кратко време.

– Колку и да изгледаат необично за некои луѓе, нивниот остар ум е критичен и решен да пронајде решенија – додаде Рајан Маркард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *