ОВОЈ АКТЕР Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈУБАВИОТ МАЖ: Победата му ја донесе деталот поради кој жените му „паѓаат“ пред нозе

27 јануари, 20230
Screenshot_5

Реџ-Жан Пејџ, кој го играше Сајмон Басет во првата сезона на популарната серија на Нетфликс „Бриџертон“, е прогласен за најубав маж на светот.

 

 

 

Козметичкиот хирург по име Џулијан Де Силва ги открил резултатите според „златниот пресек“ – Пејџ бил јасен победник, а неговото лице имало 93,65 проценти прецизнот во однос на златниот пресек. На второ место е Крис Хемсворт со 93,53 отсто, додека Мајкл Б. Џордан е трет со 93,46 отсто.

 

Де Силва за актерот рекол: „Реџ победи поради неговото класично згодно лице и убави кафени очи. Тој лесно имаше највисока оценка за растојание помеѓу очите, а неговата позиција на очите беше исто така висока“.

 

Тој продолжил: „Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати и единствениот резултат што беше малку помал беше ширината и должината на неговиот нос“.

 

Резултатот се заснова на компјутеризирано мапирање на мерењата на физичкото совршенство врз основа на златниот пресек и го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1.618, толку е посовршена личноста.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Де Силва рекол: „Овие целосно нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што некого го прави физички убав, а технологијата е корисна кога се планираат операции на пациентите“.

 

Според пресметките на Де Силва, Хари Стајлс е на четвртото место со 92,3 отсто, англискиот фудбалер Џад Белингем е петти со 92,22 отсто, а шести е Роберт Патинсон со 92,15 отсто. Да потсетиме, Патинсон летово по истата формула беше прогласен за најубав маж на светот.

 

Листата продолжила со Крис Еванс на седмото, Џорџ Клуни на осмото, Хенри Голдинг на деветтото и Двејн Џонсон на последното место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi