Секоја година се анализираат рецензии со цел да се создаде листа на најбараните дестинации за одмор, според впечатоците на туристите од целиот свет.
Оваа година првото и победничко место му припадна на еден од најпознатите градови во Европа и срцето на Велика Британија, Лондон.
Лондон порано го нарекуваа „стариот чад“ поради високото ниво на загаденост, особено кога станува збор за 1952 година, која беше обележана со огромен смог. Придружуван е и со оправданиот и јасен прекар „Дождовниот град“, со оглед на тоа дека чадорот е една од најважните работи што ја поседуваат неговите жители.
Но, и покрај се, магијата на овој голем град не може да се негира, пренесува The Sun.
Наградите „Travellers’ Choice Best of the Best Destination Awards“ се доделуваат за бројот на критики за дестинации во светот и ги истакнуваат најпопуларните дестинации за следната година.
Од сите градови во Европа, Лондон беше највисоко оценет, со што се искачи на врвот на вкупниот ранг.
Оваа награда не е прва титула која Лондон ја освои оваа година, откако ги победи Париз, Њујорк и Токио за да биде прогласен за најдобар град во светот.
Рим, Париз и Крит беа единствените други европски дестинации кои влегоа во топ 10, заземајќи го четвртото, петтото и седмото место на листата.