Одлука која треба да им помогне на сите: Непал забрани планинарење без водич

popara8 мај, 20231min00
62342480-mount-everest

Државата Непал им забрани на планинарите без водич да се искачуваат на Монт Еверест уште во 2019 година. Но, сега владата на земјата објави дека авантуристите од други земји нема да можат да пешачат или да се искачуваат на планините во националните паркови во Непал без водич.

Наместо тоа, тие ќе треба да ангажираат водич лиценциран од државата или да се приклучат на водена група. Според новата одредба, која стапи на сила на 1 април 2023 година, „сите патници мора да ги добијат услугите на лиценцирани водичи и да добијат TIMS картичка преку овластени агенции регистрирани во владата на Непал“, објави Непалскиот туристички одбор. TIMS (кратенка за „Trekkers Information Management System“) е картичка која е и дозвола за пешачење што им е потребна на странските туристи.

Непалските власти очекуваат дека оваа одлука ќе помогне да се намалат несреќите, од кои некои завршуваат со смрт. Исто така, на овој начин ќе се знае движењето на планинарите, па полесно ќе се организира помош.

Во Непал, се разбира, тука е и највисокиот врв на светот – Монт Еверест. Според податоците од 2019 година, земјава ја посетиле 400 илјади планинари, од кои приближно 10 проценти пешачеле соло. Токму за нив непалските власти се загрижени, бидејќи сметаат дека се изложуваат на огромен ризик.

Иако некои планинари не се ентузијасти за оваа идеја, бидејќи планината за нив симболизира слобода и мир, туристичките агенции ширум светот ја поздравија одлуката, сметајќи дека дефинитивно ќе доведе до поголема безбедност за планинарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma