Одлучено! Еве во кој град ќе се одржи Евровизија 2024

8 јули, 20230
Screenshot_13

Шведскиот град Малме ќе биде домаќин на натпреварот за Песна на Евровизија во 2024 година, јавува Асошиејтед прес.

 

 

 

Евросонг 2024 година ќе се одржува во Арена во Малме, полуфиналето ќе биде на 7 и 9 мај, а финалето е закажано за 11 мај.

 

„Малме беше избран на крајот бидејќи ги исполнуваше сите критериуми, рече извршниот продуцент Еба Адисон на шведската јавна телевизија СВТ.

 

Шведска во мај победни на овогодинешниот натпревар во Ливерпу во Англија со песнатата „Тату“, која ја изведе Лорин, која, исто така, победни на Евровизија и во 2012 година.

 

Земјата домаќин генерално е победник на минатогодишниот настан, но второпласираната Британија оваа година беше домаќион во име на победникот, Украина.

 

Лорин беше дури втор изведувач кој два пати ја освоил поп круната, по Ирецот Џони Логан кој беше двократен победник во 80-тите години од 20. век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi