ПАДНА ПО СКАЛИ СРЕДЕ КОНЦЕРТ Обожавателите на Брус Спрингстин останаа во шок, пејачот лежеше неподвижен на бината (ВИДЕО)

popara1 јуни, 20231min00
Screenshot_2

Обожавателите на Брус Спрингстин останале без здив кога познатиот пејач доживел прилично застрашувачки пад за време на концертот во Амстердам.

 

 

 

 

73-годишниот пејач се сопнал на сцената, додека се обидувал да се качи по скалите на бината во арената „Јохан Кројф“. Со гитарата околу вратот, Спрингстин промашил скалило и незгодно паднал, оставајќи ја публиката во шок.

 

Тој кратко време лежел на грб, пред да му помогнат другите членови на бендот. Се обидел да ја тргне гитарата од вратот и да стане, што на крајот му успеало со помош на луѓето околу него. За среќа, Спрингстин станал со насмевка на лицето и бил пречекан со голем аплауз од публиката. Како што известија од неговиот тим, тој не се повредил за време на падот.

 

Станувајќи, тој на шега извикал „Добра ноќ на сите“, пред повторно да го земе инструментот и да продолжи со концертот.

@latinus_us

El cantante estadounidense Bruce Springsteen sufrió una caída durante su concierto en Ámsterdam. #Latinus #InformaciónParaTi

♬ sonido original – Latinus – Latinus

Спрингстин и неговата група „И стрит бенд“ во моментов се на светска турнеја, која започна на 1 февруари на Флорида, а ќе заврши со концерт во Сан Франциско на 10 декември.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma