Патувате или се селите? Европски градови во кои најмногу или најмалку ќе потрошите на храна и кирија во 2023

popara17 јануари, 20231min00
62459960-basel

Веб-страницата Numbeo секоја година го оценува квалитетот и трошоците за живот во одредени делови од светот. Без разлика дали планирате патување или преселување, најголемата светска база на податоци за трошоците на животот ги прикажува цените на храната, како и цените на становите во градовите ширум светот.

На врвот на листата на најевтини градови во Европа се најдоа украинските Харков, Лавов, Одеса и Днипро, а потоа следуваат Приштина, Киев, Ниш, молдавскиот Кишињев и романските Сибиу и Крајова.

Скопје се најде на 18-тото место, а на првите 10 од листата покрај украинските, има и балкански градови како Ниш, Србија на 7-мото место. Осјек е најевтин во Хрватска и 50-ти во Европа.

Меѓу најскапите европски градови убедливо води Швајцарија со шест градови (Базел, Цирих, Лозана, Цуг, Берн и Женева). Следуваат норвешките Осло, Ставангер, Берген и Трондхајм. Целата листа може да ја погледнете овде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma