Размислете за фактот дека ви треба еден киловат-час електрична енергија за да направите 70 шолји филтер кафе или да ја користите вашата машина за бричење 2.000 пати. Податоците од Германската организација за енергетска ефикасност (HEA) покажуваат дека тоа е половина од количината на електрична енергија што ја користите за половина час користење на пеглата.
Ако сакате да заштедите електрична енергија, не користете го копчето за пареа, бидејќи вашиот уред користи 90 проценти од енергијата за да ја претвори водата во пареа. Добрата вест е дека ефектот на пареа можете да го постигнете на поевтин начин. HEA советува да се намокри облеката пред да се пегла.
Германскиот моден консултант Соња Грау ви предлага да намокрите тенка памучна кујнска крпа и да ја покриете облеката со неа, па да ја испеглате.
– Важно е да изберете навистина тенка памучна ткаенина – вели Грау, додавајќи дека овој тип на ткаенина овозможува топлината од пеглата да стигне до облеката.
Исто така, советува да не се препрскува крпата со вода, бидејќи не смее да биде премногу мокра, туку само влажна.
– Имајте на ум дека има многу ткаенини и комбинации на материјали кои не треба ни да ги пеглате. Единствено важно е веднаш да ја извадите облеката од машината за перење, бидејќи во спротивно може да се згужва- вели Грау.