
Понекогаш првите состаноци може да бидат навистина стресни. И се разбира, пред да почнете да планирате заедничка иднина важно e потенцијалниот партнер да не покажува знаци дека не е заинтересиран за вас. Сепак нема многу работи кои може да ја натераат другата личност да биде незаинтересирана. Секој од нас е различен и секој сака различни работи, па затоа не треба да ви е многу грижа за првиот состанок. Колку сте поопуштени толку е поголема веројатноста да изгледате добро во очите на потенцијалниот партнер. Но понекогаш на некои нешта не им е судено, и тоа е во ред. Во тој случај, погледнете ги следниве знаци кои покажуваат дека тој не е заинтересиран за вас уште на првиот состанок.
- Не ви го посветува целото внимание
Ако во кој било момент од првиот состанок почувствувате дека личноста не ве слуша, тоа сигурно не е добар знак. Иако е нормално да се чувствува нервозно и да изгледа со одвлечено внимание поради тоа, ако не се вклучува во разговорот значи не му е забавно. Истото важи и ако целата вечер гледа во телефонот.
- Не ве погледнува во очи
Важно е да го набљудувате јазикот на телото. Според едно истражување, потребни се 100 милисекунди за да одлучите дали ви се допаѓа некој. Оној што не е заинтересиран најверојатно ќе избегнува контакт со очи, свесно или потсвесно, бидејќи не чувствува привлечност.
- Нема никаков физички контакт
Понекогаш ова не мора да значи дека потенцијалниот партнер не е заинтересиран, бидејќи нервозата може да пречи и во најсуптилниот физички контакт. Иако партнерот не треба и премногу да ве допира на првиот состанок, ако бара начини да ве допре пристојно, тоа е знак дека му се допаѓате.
- Ви вели дека не бара врска
Ова е особено вистина ако потенцијалниот партнер на почетокот ви кажал дека е отворен за врска. Внимавајте, ако некој директно ви каже дека не сака врска, верувајте му. Дури и ако изгледа флертувачки, можеби е заинтересиран само за едно нешто. Ако не сакате секс за една вечер или нешто поопуштено, подобро кажете го тоа уште на првиот состанок.
- Состанокот изгледа избрзано или завршил прерано
Ако поради некоја причина потенцијалниот партнер најде добар изговор за да замине рано, ова најверојатно е знак дека не е заинтересиран. Се разбира, се случуваат и итни случаи но ако нешто ви изгледа чудно, не правете сигурни планови за повторување на состанокот. Иако можеби ќе биде болно, барем другата личност не потрошила многу од вашето време.