Пејачката Сиа проговори за новата дијагноза: „45 години живеев одвоена од себеси“

popara2 јуни, 20231min00
o_29267685_1280

Австралиската пејачка Сиа откри дека и е дијагностициран аутизам, две години откако беше објавен нејзиниот контроверзен филм со аутистичен лик. Да потсетиме, кога беше објавен трејлерот за „Music“ во ноември 2020 година, Сиа се соочи со бурни реакции поради кастингот на актерката Меди Зиглер, на која не и е дијагностициран аутизам, наместо аутистичен актер.

47-годишната жена ја сподели информацијата за нејзината дијагноза за време на интервју за „Rob Has a Podcast“ и иако не прецизираше кога ја добила дијагнозата, опиша како ги поминала првите 45 години од животот чувствувајќи се одвоена од себе.

„Никој не може да те сака или знае кога си полн со тајни. И кога конечно ќе седнеме во соба полна со странци и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најмрачни, најсрамни тајни, и сите тие се смеат заедно со нас, а ние не се чувствуваме како ѓубре за прв пат во животот, и чувствуваме дека за прв пат во животот нè гледаат такви какви што сме навистина, тогаш можеме да почнеме да излегуваме во светот и да се однесуваме како луѓе и суштества со срце и кои не се преправаат“, објасни Сиа.

Нарушувањето од спектарот на аутизам (ASD) е невролошко и развојно нарушување кое влијае на начинот на кој луѓето комуницираат со другите и учат. Иако може да се дијагностицира на која било возраст, симптомите обично се појавуваат во првите две години од животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag